wordpress counter

4 вкусни рецепти од лубеница (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во лето, нема ништо подобро од слатка и добро изладена лубеница. Идеален десерт за летните горештини. Токму затоа, ви ги препорачуваме овие 4 рецепти кои се едноставни, но и мошне интересни.

Ледена лубеница со мента

Исчистете околу 1 килограм лубеница, отстранете ги семките и исечете ја на коцки. Измиксирајте ја во блендер, заедно со две мали лажици шеќер. Во смесата ставете и неколку листови мента кои претходно сте ги исечкале ситно. Додадете две мали лажици сок од лимон и малку сол. Мешавината поделете ја во два сада за мраз и оставете ја околу три часа во замрзнувач.

.

„Аква Фреска“ од лубеница

Овој лесен пијалак е мошне популарен во Латинска Америка. Исчистете ја лубеницата и исечкајте ја на коцки (8 шолји коцки лубеница). Во блендер ставете 4 шолји лубеница, половина шолја вода, 1/3 шолја шеќер и половина од ¼ шолја сок од лимон. Добро процедете, а остатокот изблендирајте го. Потоа повторно процедете и помешајте со преостанатиот сок од лимон. Пијалакот добро изладете го во фрижидер 4 часа. Се служи мешано со минерална вода и парче лимон како декорација.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Оставете ги цигарите со помош на природата

Ако сакате да престанете да пушите цигари, во тоа може да ви помогне и одењето на пазар или во маркет....

Close