wordpress counter

4 вкусни рецепти од лубеница (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во првиот дел од статија објавивме два вкусни рецепти со лубеница – лубеница со мента и „аква фреска“ од лубеница. Денес, на ред се лубеница „gin frizz“ и салата од лубеница со фета и мента.

Лубеница „gin frizz“

Со оглед дека е слатка и полна со вода, одлично се комбинира во коктели. За овој рецепт ќе ви бидат потребни 5 шолји исчистена (без семки) и насечкана лубеница, 2 дл џин, 8 мали лажици сок од лимон и околу 6 дл пиво од ѓумбир. Една шолја лубеница ставете ја во фрижидер да се замрзне. Останатите 4 измиксирајте го во блендер. Сокот кој го добивте поделете го во 4 чаши полни со лед. Истото направете го и со џинот. Во секоја шолја ставете по 2 лажици лимонов сок и околу 1.5 дл пиво. Декорирајте со заледени коцки лубеница и кришки лимон.

.

Салата од лубеница, фета и мента

Ќе ви бидат потребни 1 дл маслиново масло, 3 мали лажици сок од лимон, 2 мали лажици сол, 1 мала лажица табаско, малку бибер, 2 кг исчистена лубеница исечкана на коцки, 200 гр фета исечкана на коцки, 50 гр насечкани маслинки, виолетов кромид на тркалца и насечкани мали листови мента. Првин измешајте ги маслото, лимоновиот сок, табаското и биберот, а потоа сè останато. Попрскајте со мента и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails