wordpress counter

Брускети со сланина, зелена салата и домати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гла­сови)

Бру­ске­тите се едно од најв­ку­сните пред­ја­дења во повеќе кујни. Се под­го­тву­ваат бргу и не бараат големи готвар­ски спо­соб­но­сти. Овој рецепт ќе го под­го­твите за не повеќе од 15-тина минути

СОСТОЈКИ
• 8 пар­чиња сла­нина, испр­жени и издро­бени на помали пар­ченца
• 3 домати, без семки и исеч­кани
• 55 гр исеч­кана зелена салата
• 1 чешне лук
• 2 големи лажици свеж боси­лек, исеч­кан
• ¼ мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер
• 80 мл масли­ново масло
• 1 фран­цу­ски леб, исеч­кан на пар­чиња
• 45 гр сирење (фета или сино сирење)

ПОДГОТОВКА
Во сад со средна голе­мина, изме­шајте ги сите состојки. Потоа, со четка нама­чајте ги лепчи­њата и од гор­ната и од долната страна со масли­ново масло. Наре­дете ги во тава за печење и покријте ги со фолија за печење.

Печете на темпе­ра­тура од 200°С околу 6–7 минути, одно­сно додека не ста­нат крц­кави и златно-кафени. Изме­шајте го пов­торно филот и ста­вете 1 голема лажица од филот на секое од лепчи­њата и послу­жете ги.

Можете да ги послу­жите и посебно. Лепчи­њата се слу­жат во чинија, во чија сре­дина ќе ста­вите фил.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Набрзина