- Гурман™ - http://gurman.mk -

Брускети со сланина, зелена салата и домати

(4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Брускетите се едно од највкусните предјадења во повеќе кујни. Се подготвуваат бргу и не бараат големи готварски способности. Овој рецепт ќе го подготвите за не повеќе од 15-тина минути

СОСТОЈКИ
• 8 парчиња сланина, испржени и издробени на помали парченца
• 3 домати, без семки и исечкани
• 55 гр исечкана зелена салата
• 1 чешне лук
• 2 големи лажици свеж босилек, исечкан
• ¼ мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер
• 80 мл маслиново масло
• 1 француски леб, исечкан на парчиња
• 45 гр сирење (фета или сино сирење)

ПОДГОТОВКА
Во сад со средна големина, измешајте ги сите состојки. Потоа, со четка намачајте ги лепчињата и од горната и од долната страна со маслиново масло. Наредете ги во тава за печење и покријте ги со фолија за печење.

Печете на температура од 200°С околу 6-7 минути, односно додека не станат крцкави и златно-кафени. Измешајте го повторно филот и ставете 1 голема лажица од филот на секое од лепчињата и послужете ги.

Можете да ги послужите и посебно. Лепчињата се служат во чинија, во чија средина ќе ставите фил.