wordpress counter

Брза морска храна

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


БРЗА МОРСКА ХРАНА

Кажете му добредојде на Медитеранот во вашата кујна и уживајте во морската храна. Јас многу рано ова лето го почувствував мирисот на морето и изобилувам со апсолутната медитеранска инспирација за готвење. Затоа, еве еден брз и кулминативно вкусен рецепт. Сè трае вкупно околу 15-тина минути. Без многу напор, деликатес за сите. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 300 г шпагети
• ½ кг до 1 кг морски ракови
• 2 дл бело вино
• 1 мало пакување доматно пире или конзервирани домати, сечкани
• маслиново масло по можност
• сол, црн бибер
• 3 главички ситно сечкан лук
• многу магдонос, ситно сечкан

Морски ракчиња
лат. Caridea

Како и остатокот од морската храна, морските ракчиња изобилуваат со калциум, јод и протеини, но не даваат доволно енергија. Храната во која има морски ракчиња е храна која има холестерол, но консумирањето на морски ракчиња се смета за здраво за системот на циркулација, бидејќи холестеролот кој го имаат нема заситени масти. Интересно за нив е дека во еврејската кујна се забранети за консумација.

ПОДГОТОВКА
Шпагетите згответе ги во доста солена вода. Во вок тава (или длабока тава за готвење) на масло ставете го ситно сечканиот лук и магдонос, а по неколку минути додајте ги доматите. Динстајте неколку минути, па додајте ги морските ракчиња, полијте со белото вино, ставете сол и црн бибер и оставете го да динста десетина минути на ниска температура. Потоа, во тавата ставете ги и сварените шпагети и убаво измешајте. Посипете со уште магдонос и сервирајте.

НЕКОЛКУ КРАТКИ СОВЕТИ
• Користете исчистени морски ракчиња, за да не губите време во нивна подготовка
• Количината морска храна која ќе ја употребите, прилагодете ја на вашиот вкус и парични средства
• Може да користите други морски плодови – сите одат перфектно со лук
• Користете свеж магдонос за морски и италијански вкус
• Не дозволувајте доматите да се преварат, бидејќи морската храна бара свежина во состојките кои ја придружуваат
• Трудете се сè повеќе да користите маслиново масло, за да го заштитите организмот од холестерол и штетни маснотии, бидејќи во 100 г морски ракчиња се содржи 150 мг холестерол.

Related Posts with Thumbnails