wordpress counter

Брзи рецепти за самци

Ако сакате добро да јадете, без многу труд и мака, тогаш ви предлагаме неколку кратки и брзи рецепти, кои може да ги подготвите во кое било време. Ќе ви бидат потребни само 15-30 минути за да направите одлично јадење.

Паста песто
Идеален оброк за итни случаи. За тоа време ќе ги подготвите тестенините по ваш избор и ќе можете да ги сервирате со песто сос. На крај, посипете со малку рендан пармезан. Доколку сакате да подготвите вкусно домашно песто, тогаш рецептот може да го најдете тука.

Супа од зеленчук
Иако звучи дека е потребно многу време да се подготви ова јадење, тоа не е точно. Сѐ што треба да направите е да исчекате некој зеленчук (или повеќе зеленчуци) на коцки. Исечкајте и кормид и пропржете го малку на масло. Во длабок сад за варење, ставете го кромидот, зеленчукот, коцка за говедска супа и литар вода. Оставете да се вари неколку минути и потоа додадете сол и бибер. Измиксирајте ја супата и помешајте со 50 гр павлака за готвење.

Одрезок месо
Добро истолчете го парчето месо (да биде што е можно потенко). Измијте го, избришете и пропржете го од двете страни околу две минути. Зачинете по желба. Како прилог може да направите ориз, салата или кратко пржен зеленчук со лук и маслиново масло.

Вок тава
Вок тавата е кујнски сад кој мора да го поседува секој самец. Одличен е за подготвка на зеленчук, без тој да ги изгуби своите хранливи вредности. Исечкајте месо на тенки листови и зеленчук на коцкички. Во вок тавата прво ставете го месото и пропржете го. Потоа, почнете да го додавате зеленчукот, започнувајќи од најтврдиот. Прелијте со соја сос и зачинете по желба. Сервирајте со ориз или тестенини.

Aglio e Olio
Ова е уште едно брзо јадење, а состојките сигурно ги имате дома. Тестенини, лук и маслиново масло. Додека се варат шпагетите, исечкајте го лукот и пропржете го на маслиново масло. Измешајте го пропржениот лук со една лажица од водата во која се вареле шпагетите, магданос, сол и бибер. Со оваа смеса прелијте ги тестенините.

Related Posts with Thumbnails