wordpress counter

Брзи салати за 5 минути

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (12 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој период од годината нашите пазари и маркети се преполни со свеж зеленчук и овошје. А, свежиот зеленчук е основна состојка на секоја салата. Во комбинација со неколку други продукти, малку имагинација и желба за готвење, ќе подготвите салати во кои ќе уживате во овие топли денови и ноќи. Ние ви предлагаме рецепти за три салати кои се мошне едноставни.

Зелена салата со зачини

Исечкајте зелена салата и ставете ја во поголем сад за салата. Насечете мали коцкички препечен леб и додадете пармезан и малку мешавина од маслиново масло и оцет. Потоа, надробете малку ливчиња нане, босилек и ротквица. Налејте 1/3 шолја масло од кикиритки и 2 големи лажици сок од лимета.

.

Ендивија салата со лешници и грозје

Надробете зелена салата (уште подобро ако најдете ендивија). Попрскајте со 2 шолји грозје (пресечени на половина), ¾ шолја кршени лешници, мешавина од маслиново масло и оцет.

.

Салата од кељ, суво грозје и сино сирење

Исечете кељ и попрскјате го со по 1 мала лажица маслиново масло и оцет. Оставете да омекне. Потоа додадете 2 рендани моркови, ½ шолја суво грозје, ½ шолја сино сирење, 1/3 шолја маслиново масло, 2 големи лажици оцет, 1 чешне лук и 2 мали лажици мед.

 

Related Posts with Thumbnails