wordpress counter

Буковка во пивско тесто

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Пивото се пие во секоја прилика. Еден вид ритуал е да се гледаат спортски натпревари, зачинети со пиво и кикиритки. Денес ви даваме уште една идеја – пиво со буковка.

СОСТОЈКИ
● 400 гр буковка
● масло за пржење

за пивско тесто
● 2-3 белки од јајца
● 150-200 гр брашно
● 100 мл светло пиво
● малку сол
● 2 големи лажици сечкан магданос
● 1 голема лажица сечкан лист од целер
● бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете ги исчистените буковки на салфетки и оставете добро да се исушат. Изматете ги белките и полека додадете им брашно, пиво и малку сол. Вака приготвена, оваа смеса треба да биде погуста од смеса за палачинки.

Чекор 2: натопете ги буковките во смесата со пивско тесто и пржете ги во загреано масло додека да добијат златно-жолта боја. По пржењето, ставете ги на хартија за да се впие маснотијата.

Чекор 3: буковките се сервираат врели со микс од магданос, целер, сол и бибер. Сето тоа надополнете го со тартар сос и кригла студено пиво.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Антонио Бандерас во ТВ реклама за „Орбит“

Една од водечките компании за производство на гуми за џвакање најави глобално партнерство со филмската ѕвезда Антонио Бандерас. Актерот ќе...

Close