wordpress counter

Џорџијска и Англиска салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешните рецепти ѝ ги посветуваме на нејзиното височество – салатата. Тоа е јадење кое оди во секоја прилика и може да се комбинира со кое било јадење. И што е најважно – не се чувствувате прејадени кога ќе завршите со оброкот.

Англиска салата

СОСТОЈКИ
• 0.5 кг компири
• целер
• јајце
• 1 кисело јаболко
• масло, оцет
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Се варат компирите, јајцето и целерот. Сите три состојки по варењето да се излупат. Сите се сечкаат на коцки и кон оваа смеса се додава излупено и изрендано кисело јаболко. Потоа, се додава сол, бибер, масло и оцет. Сите состојки добро се промешуваат. Се служи во чинија за салата, заедно со масло и оцет.

 

Џорџијска салата

СОСТОЈКИ
• 2 китки зелена салата
• 2 краставици
• 2 китки ротквици
• малку магдонос
• 2 китки млад кромид (може и стар виолетов)
• 4 јајца
• 3 дл кисела павлака
• сол и копар

ПРИГОТВУВАЊЕ
Зелената салата се сече на покрупни парчиња, додека краставиците на коцки. Ротквиците потрудете се да ги исечете на тенки кругови, а кромидот на многу ситни тркалца. Потоа, ситно исечкајте ги магданосот и копарот. Јајцата треба да се сварат и потоа ситно да се исечкаат. Сите состојки да се измешаат убаво. На крај се посолува, повторно се меша и се декорира со кисела павлака.

Related Posts with Thumbnails