wordpress counter

Француска крем салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Француската крем салата е едно навистина прекрасно и пред сѐ вкусно предјадење. Станува збор за крем салата која се базира на зеленчук и може да се приготви за секоја прилика.

Ќе ви бидат потребни само 45 минути за да уживате во ова ладно предјадење.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 2 вреќи замрзнат или свеж зеленчук (грашок и морков)
• 1 тегла кисели краставички
• 1 компир, средна величина
• 3 јајца
• 1 јаболко
• 200 гр мајонез
• 1 кисела павлака
• 1 мала лажица сенф
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Зеленчукот (морковот, компирот и грашкот) и јајцата сварете ги одвоено. Исечкајте ги сите состојки, ставете ги во сад за салати и убаво промешајте.

На крај, додадете мајонез, кисела павлака и сенф. Посолете и ставете мелен бибер по ваш вкус.

Пред сервирање, украсете со магданос и тркалца варени јајца.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails