Готвење во ритмот на есента
Секое годишно време со себе носи и посебни плодови и продукти. Нивното добро комбинирање значи да се добие вистински специјалитет. Токму такви се и нашите денешни рецепти.
Супа од тиква
СОСТОЈКИ (за 6 лица)
• 2 хокаидо тикви (кружна тиква)
• 2 компира
• 2 кромида
• 1.5 л вода
• малку сол и бибер
• магданосПОДГОТОВКА
Измијте ги тиквите и исчистете ги од семки. Потоа, насечкајте ги на коцки (кората не е потребно да ја отстраните). Компирот излупете и исечкајте го на коцки.Кромидот треба да го исчистите и ситно да го насечкате. Потоа, ставете го во жешко масло и кратко пропржете го. Откако ќе пожолти, додадете ги тиквата и компирот и прелијте со вода (сѐ додека не го прекрие комплетно зеленчукот).
Варете на среден оган. Откако тиквата ќе омекне, тргнете ја супата од оган. Префлете ја во блендер и добро измиксајте. Доколку е многу густа, додадете вода по желба. На крајот додадете сол, бибер и магданос.
Се сервира врела, со коцки сув леб.
Пире од костени
СОСТОЈКИ (4-6 порции)
• 1 кг костени
• 1 мала лажица шеќер
• 100 гр путер
• малку млеко
• малку рум
• шлагПОДГОТОВКА
Засечете ја лушпата на костените и ставете ги во засладена вода која врие. Откако ќе се сварат, отстранете ја лушпата и испасирајте ги.Додадете малку топло млеко, рум и измиксан путер.
Сите состојки добро измешајте ги, пропасирајте ги и распоредете ги во неколку порции. Декорирајте со шлаг.
