wordpress counter

Јагоди на 100 начини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,00 од 5)


Полека влегуваме во сезоната на јагоди. Сезона во која полиците за овошје во маркетите и тезгите на пазарчињата се во црвена боја. Во оваа статија ќе ви предложиме неколку интересни начини за консумација на овој прекрасен пролетен плод.

Предлог 1
Класична комбинација на јагоди со шеќер, со сладолед или со шлаг.

Предлог 2
Со оглед дека јагодите не мора да се користат исклучиво како десерт, можете да направите зелена салата, салата од рукола и да додадете ситно сечкани јагоди.

Предлог 3
Јагодите многу добро се комбинираат со свежо козјо сирење и зачинети со луто пиперче.

Предлог 4
Комбинација од јагоди, зелен бибер и свеж ѓумбир или со цимет и ванила. Ако повеќе сакате чоколадо, тогаш јагодите добро одат со парчиња темно чоколадо со висок удел на какао.

Предлог 5
Крем од маскарпоне: изматете 4 жолчки со 500 гр свежо кравјо сирење кое стоело во вода, 350 гр маскарпоне, 100 гр шеќер во прав, една ќесичка ванилин шеќер и 35 мл амарето. Во вака добиената крема додадете ги и белките, добро изматете  и оставете во фрижидер најмалку 6 часа.

Предлог 6
Ако сакате да уживате во јагодите како Италијанци, тогаш измешајте ги со малку шеќер и оцет балсамико.

Предлог 7
Можете да направите и вкусно смуди од јагоди. Сè што ви е потребно се неколку јагоди, 200 мл млеко и блендер.

Related Posts with Thumbnails