wordpress counter

Крцкав корнфлекс компир

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој компир е вкусен предлог кој може да се искористи како прилог кон многу јадења. Времето на приготвување е околу 45 минути. Време за кое ќе добиете јадење кое не се одбива.

СОСТОЈКИ (4 порции)
• 3 шолји корнфлекс житарки
• 3 големи лажици изрендан пармезан
• 1 мала лажица црвен пипер
• малку сол
• 4-6 компири
• 1 голема лажица растително масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1:
загрејте ја рерната на 200℃. Излупете ги компирите и исечете ги на помали парчиња. Намачкајте ги со масло и ставете ги во сад за печење.

Чекор 2: измешајте ги корнфлексот, пармезанот и црвениот пипер со миксер. Со оваа смеса посипете ги компирите во садот за печење.

Чекор 3: печете околу 25 минути. Кога ќе бидат готови, компирите може да ги посолите по желба.

Related Posts with Thumbnails