wordpress counter

Крокети од туна

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 4,83 од 5)


Крокетите од туна се навистина вкусно предјадење. Малку состојки и само малку време ќе ви одземе ова „загревање“ за главното јадење. Одбравме рецепт кој лесно се приготвува и во кој секој ќе ужива.

СОСТОЈКИ (за 8 крокети)
• 200 гр туна
• 2 млади кромидчиња, ситно исечкани
• 2 мали лажици сенф
• 2 јајца, изматени
• 1 голема лажица сок од лимон
• ½ мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер
• лебни трошки
• маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Ставете ги туната, кромидот, јајцата, сокот од лимон, сол и бибер и ¼ од лебните трошки во поголем сад. Измешајте ги добро сите состојки. Поделете ја смесата на 8 тркалца и оставете ги да отстојат 15-тина минути. Потоа, тркалцата извалкајте го во преостанатите лебни трошки.

Загрејте маслиново масло во сад за пржење. Откако маслото ќе почне да врие, ставете ги крокетите и пржете околу 2-3 минути, сѐ додека не добијат златно-кафена боја. Отстранете ги од оган и ставете ги на салфетки за да се впие маслото.

Изладете ги 2-3 минути пред сервирање.

Related Posts with Thumbnails