wordpress counter

Ладна салата од краставица

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во една од претходните статии наведовме дека краставицата спаѓа во групата на најздрави продукти. Краставицата најчесто се консумира во топлите денови и се јаде свежа и ладна. Затоа, денес ви предлагаме да подготвите ладна салата од краставица, која е готова за само 5 минути.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 краставица
• 1 домат или 1 црвена бабура
• 1 помал виолетов кромид

за медитерански сос
• 2 големи лажици маслиново масло
• 2 мали лажици сок од лимон
• 1 чешне лук
• сол и бибер по желба
• 1 мала лажица сушен копар

ПОДГОТОВКА
Исечкајте го кромидот, иситнете го лукот и оставете да отстојат 5 минути.

Пресечете ја краставицата по должина. Отстранете ги врвовите и издлабете го делот со семки. Исечете ја на кришки со дебелина од 6-7 мм.

Ако користите домат, исечете го на коцки, а ако употребите бабура, тогаш пресечете ја на кришки или тенки ленти.

Во сад за салата, измешајте ги кромидот, лукот, краставицата и доматот или бабурата. Прелијте со сок од лимон, лук и маслиново масло. Ставете сол и бибер по желба. На крај, наросете со копар.

Ако сакате посладок вкус, лимоновиот сок заменете го со оцет балсамико. По желба, можете да додадете авокадо или инчуни.

Related Posts with Thumbnails