wordpress counter

Ладна салата од туна и тортелини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ладната салата од туна и тортелини е ладно предјадење кое можете да го приготвите буквално во секоја прилика. За само 30-тина минути имате готов оброк во кој вистински ќе уживате.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 500 гр тортелини со сирење
• 200 гр зелени мешунки
• 400 гр туна од конзерва (без масло или вода)
• 1 домат
• ¾ мала шолја маслинки, исечкани
• 4 млади кромидчиња (или 1 виолетов, исечкан на кругови)
• ¾ мала шолја мајонез
• 3 лажици оцет балсамико

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги тортелините согласно упатството на пакувањето на производот. Во посебен сад, сварете ги и зелените мешунки. Исцедете ги тортелините и мешунките од водата во која се вареле и оставете ги да се изладат.

Измешајте ги туната, мешунките, торетелините, маслинките, доматот и младиот кромид во еден поголем сад. Во помал сад убаво промешајте ги мајонезот и оцетот.

Додадете го сосот од мајонез и оцет во салатата и нежно промешајте. По желба, можете да зачините со сол и свежо мелен бибер.

Related Posts with Thumbnails