wordpress counter

Леб со сланина

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на еден посебен тип на леб – леб со сланина. Станува збор за вкусно јадење кое се приготвува за 50-тина минути.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 4 ½ шолји брашно
● прашок за пециво
● 90 гр путер
● 1 шолја маслинки без семки, сечкани
● ¾ шолја павлака
● ¾ шолја млеко
● 1 ½ мала лажица сок од лимон
● 2/3 шолја сланина, ситно сечкана
● 1 шолја пармезан, рендан
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте го брашното и прашокот за пециво. Просејте го два пати. Додадете му ладен путер исечен на коцки. Во посебен сад измешајте павлака, млеко и сок од лимон. Во брашното додадете сечкана сланина, сечкани маслинки и пармезан.

Чекор 2: додадете ја смесата со млекото и сето заедно убаво измешајте го. Формирајте тесто и ставете го во сад во кој претходно сте наросиле брашно. Горниот дел премачкајте го со млеко, посолете и наросете бибер.

Чекор 3: со нож направете засеци на горниот дел од лебот. Печете околу 40 минути и потоа оставете да се излади.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Која храна нè заситува, а која нè прави гладни?

Ако сакате да имате витко тело, тогаш треба да консумирате храна која подолго ќе ве држи сити. Затоа, запомнете го...

Close