wordpress counter

Летни салати (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Салатите се едно од омилените јадења во текот на летото. За лесни салати, најдобри сосови се приготвуваат од маслиново масло, оцет и лимонов сок, додека за кремастите салати потребни се немaсен јогурт и мајонез.

Денес ви предлагаме две вкусни салати – шарена летна салата и салата со туна и зеленчук.

Салата со туна и зеленчук

СОСТОЈКИ
• 200 гр тестенини
• 1 конзерва туна
• 5 шери домати
• 2 ротквици
• 5 маслинки
• 1 шолја варен грашок
• 1 шолја бланширани брокула и моркови
• 2 големи лажици маслиново масло
• 2 големи лажици оцет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги тестенините согласно упатството на пакувањето. Откако ќе се изладат, промешајте ги со туната и со сечканиот зеленчук. Прелијте со маслиново масло и оцет, а потоа зачинете со сол и бибер.

.

Шарена летна салата

СОСТОЈКИ
• 110 гр тестенини
• рукола, рогач и пченкарна салата
• 1 шолја сечкани домати
• ½ шолја фета сирење
• 3 големи лажици оцет
• сол и бибер
• ¼ шолја пржени пињоли
• 3 големи лажици маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги тестенините според упатството и потоа измешајте ги со рукола, рогач, пченкарна салата, домати и фета. Прелијте со маслиново масло и оцет. Потоа, зачинете со сол и бибер. На крај, додадете ги пржените пињоли.

Related Posts with Thumbnails