wordpress counter

Летни салати (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,75 од 5)


Во првиот дел објавивме рецепти за две вкусни летни салати. Денес, ви претставуваме уште две одлични салати – салата со спанаќ и овошно-зеленчукова салата.

Салата со спанаќ

СОСТОЈКИ
• 140 гр спанаќ
• 340 гр тестенини
• 400 гр грав од конзерва
• 110 гр фета
• сушени домати
• 2 млади кромидчиња
• малку кора од лимон
• 2 мали лажици маслиново масло
• 1 мала лажица оригано
• 1 мала лажица мајчина душица
• сол и бибер
• нарендан пармезан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во голем сад, измешајте ги спанаќот, гравот, фетата, доматите, исечканиот млад кромид, кората и сокот од лимон и зачините. Покријте го садот и оставете го на собна температура околу 2 часа пред сервирање. По 2 часа, додадете ги тестенините и посипете со рендан пармезан.

.

Салата со овошје и зеленчук

СОСТОЈКИ
• 350 гр тестенини
• 220 гр мешунки
• малку кора од портокал
• 3 мали шолји диња, насечкана на коцки
• 4 мали шолји јагоди или цреши
• 1 мала лажица шеќер
• 1/3 мала шолја оцет
• 1/3 мала шолја маслиново масло
• сол
• 1 мала лажица сенф

ПРИГОТВУВАЊЕ
Направете прелив од оцет, шеќер, сенф и сол. Помешајте со маслиново масло. Тестенините сварете ги според упатството и потоа исцедете ги. Мешунките бланширајте ги во посебен сад. Потоа, измешајте ги со тестенините, дињата и преливот. Ставете кора од портокал и послужете со сечкани јагоди или цреши.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како изгледа најскапото вино на светот?

Нешто повеќе од 100.000 фунти е најскапото шише вино на светот, а производителот (винаријата „Penfolds“) произвела само 12 шишиња од...

Close