wordpress counter

Лето без готвење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека ова е годишно време кога сите сакаме да уживаме и помалку да работиме, ние ви предлагаме неколку интересни рецепти кои бараат многу малку време и кои се приготвуваат без варење, пржење или печење.

Цезар салата
Состојки: мала лажица сенф, лимонов сок, 1 чешне лук, ½ лажица Ворчестер сос, сол, бибер, 1/3 мала шолја маслиново масло,зелена салата, ½ малажолја пармезан, коцки препечен леб.

Приготвување: во блендер, измешајте ги сенфот, сокот од лимон, лукот, Ворчестер сосот, сол и бибер. Додека блендерот работи, вие полека долевајте маслиново масло. Листовите зелена салата кратко прпржете ги и наредете ги во чинија. Ставете ја смесата од блендер, додадете пармезан и коцки препечен леб.

Унгарски сладок ролат
Состојки: 50 гр мелени бисквити, 2 лажици какао, 300 мл кафе, 100 гр шеќер. За крем: 150 гр путер, 2 жолчки, 50 мл рум и 150 гр шеќер во прав.

Приготвување: измешајте ги сите состојки за кремот. Од другите состојки со рака извалкајте тесто од бисквити (работната површина да има масло). Ставете му на бисквит тестото крем и завиткајте го во ролна. Изладете го убаво пред сервирање.

Гаспачо од лубеница
Состојки: 8 шолји лубеница, краставица, ½ црвена пиперка, 15-тина листови свеж босилек, 3 големи лажици оцет, 2 големи лажици маслиново масло, сладок кромид, морска сол, половина авокадо.

Приготвување: измешајте ја насечканата лубеница, краставицата, пиперката, босилекот, оцетот, кромидот, маслото и солта во еден сад. Потоа, оваа смеса измешајте ја во блендер. Добро изладете и декорирајте со коцки авокадо.

Related Posts with Thumbnails