wordpress counter

Мини пици со кашкавал, сирење и лутеница

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт веруваме дека ќе ве натера да влезете во кујна и да го приготвите. Пицата е едно од омилените јадења на сите нас, а можноста за комбинирање е неограничена. Денешниот предлог е пица со кашкавал, сирење и лутеница.

СОСТОЈКИ (12 мали пици)

за тесто
● 500 гр брашно
● 2 мали лажици сув квасец
● 1 мала лажица сол
● 2 големи лажици маслиново масло
● 1 шолја вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги сите состојки во еден сад. Исукајте го тестото за да се формира. Покријте го садот и оставете го тестото да нарасне. Потоа, формирајте мали пици. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги тестата околи 10-тина минути. Потоа, извадете ги и ставете им фил.

за фил
● 1 тегла лутеница
● 100 гр сирење
● 100 гр кашкавал

ПРИГОТВУВАЊЕ
Издробете го сирењето и измешајте го со лутеницата. Филот нанесете го на тестото. На крај, додадете тенки парчиња кашкавал. Печете уште една 1 минута и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Залачиња „Крвава Мери“

Постои ли подобро предјадење за коктел забава од коктел во облик на предјадење? Ова предјадење слободно можеме да го наречеме...

Close