wordpress counter

Најбрзата салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


МАСЛИНКИ

Ова е веројатно најбрзата салата која може да ја подготвите, а истовремено одлично да се насладите. Дури ја подготвувате, нема да верувате дека нешто толку едноставно може да биде толку вкусно. Ќе добиете спој на уникатни вкусови, кои пак заедно ќе дадат еден необичен микс на солено, кисело и свежо. Сè што ви треба е праз, маслинки, зачини и нож за сечкање. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• маслинки
• праз
• масло
• оцет
• сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА
Измијте го празот и исечете го на парчиња од околу 3 см. На маслинките отстранете им ги семките, исечкајте ги поситно и додадете му ги на празот. Прелејте со масло, оцет и поросете со сол и црн пипер и убаво измешајте ја салатата на крајот.

Маслинки
лат. Olea europaea

Во однос на исхраната, нутриционистите за маслинките велат дека имаат ниско ниво на холестерол, а богати се со диетални влакна, железо, бакар и натриум. Препорачуваат маслинките да се јадат доколку сакаме да ја намалиме телесната тежина, да го одржуваме оптималното здравје или, пак, во комбинација со друга храна за качување на телесната тежина.

Related Posts with Thumbnails