wordpress counter

Омлет со зелени пиперки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Доколку ви здодеа секое утро да имате слични појадоци (бели печива, сендвич), еве еден малку покреативен рецепт, кој ќе ја отстрани секојдневната монотонија во вашата исхрана.

Мирисот на домашно подготвен појадок е доволен да ги разбуди и најголемите спанковци, а овој рецепт сигурно нема да ве остави рамнодушни.

СОСТОЈКИ (за 3 порции)
• 9 јајца
• 6 супени лажици млеко
• 2 супени лажици путер
• 100 гр кашкавал, рендан
• 3 зелени пирерки (лути или благи)
• 50 гр маслинки
• сол и бибер
• 1 домат

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете го путерот во тава за печење и растопете го на 250℃. Малку изматете ги јајцата, додадете го млекото, солта и биберот. Ставете ги да се печат на 250℃.

Печете сѐ додека не се зацврсне јајцето. Извадете од рерната, посипете со кашкавалот, маслинки и сецканите пиперки, промешајте ја смесата за рамномерно да се распредели и вратете ја да се допече уште 5 минути.

Омлетот сервирајте го со сецкан домат, малку кечап или чили сос.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails