wordpress counter

Палента во сос од печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење може да го послужите за вечера, но и како прилог кон некое главно јадење кое се состои од пилешка или телешка шницла. Се приготвува за 30-тина минути.

СОСТОЈКИ (4 лица)
● 2 шолји вода
● ½ шолја палента
● малку сол и бибер
● 1 голема лажица маслиново масло
● 1 голема лажица путер
● 1 помала главица кромид, ситно исечкана
● 2 шолји печурки по избор
● 3 чешниња лук, ситно насечкани
● 4 пелати, сечкани на коцки
● ½ шолја пченка
● ½ шолја супа

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте вода до степен на вриење. Намалете ја температурата и постепено додавајте ја палентата со постојано мешање. Зачинете со сол и бибер и варете неколку минути додека палентата не ја впие водата и добие текстура на пире.

Чекор 2: во посебен сад, загрејте путер и масло. Пропржете го кромидот околу половина минута. Додадете ги печурките и динстајте на силен оган (околу 2 минути) за да испари течноста од нив.

Чекор 3: потоа додадете ги лукот, пелатите, пченката и супата. Зачинете со сол и бибер и продолжете да загревате до степен на вриење. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата и динстајте уште 2-3 минути.

Related Posts with Thumbnails