wordpress counter

Печени компири со магданос и лимон

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е француски специјалитет кој станува популарен низ целиот свет. Станува збор за печени компири во маст од патка, во комбинација со лимон и магаданос. Станува збор за незаборавен вкус, на кој постојано ќе му се враќате.

СОСТОЈКИ
● 700 гр компири, исечени надолжно
● 3 големи лажици маст од патка
● 1 мала лажица крупна сол
● ½ мала лажица бибер
● ¼ шолја сечкан магданос
● 1 мала лажица рендана кора од лимон
● 1 мала лажица сок од лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 230 степени. Ставете ги сечените компири во сад и прелијте ги со маст од патка, сол и бибер.

Чекор 2: ставете хартија за печење во сад и наредете ги компирите во еден слој. Печете 25-30 минути, додека компирите не станат златно-кафени и крцкави.

Чекор 3: наредете ги печените компири во сад за сервирање и додадете магданос, кора од лимон и сок од лимон. Се служат топли.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Пропржен карфиол со ореви

Ако веќе се решите да приготвите пржен карфиол, тогаш комбинирајте го со ореви, токму како во овој рецепт. Кога на...

Close