wordpress counter

Пикантна супа од домати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Супата од домати е една од најпопуларните супи во повеќето земји. Постојат голем број на варијанти на ова топло предјадење, а ние денес се решивме за пикантна верзија, која веруваме дека ќе ви се допадне.

СОСТОЈКИ (4 порции)
● 4 ½ шолји сечкани домати или пелати
● ¼ мала шолја пињоли
● 4 големи лажици маслиново масло
● 4 чешниња лук, иситнети
● 1 кромид, ситно насечкан
● 1 лута пиперка, ситно сечкана
● ½ шолја сечкан босилек
● 80 мл бело вино
● 1 мала лажица оригано
● сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете една шолја домати во блендер и убаво иситнете ги. Додадете ги пињолите и мешајте уште една минута за да се добие хомогена смеса. Потоа, загрејте масло и пржете ги кромидот, лукот и лутата пиперка околу 5 минути.

Чекор 2: додадете ги преостанатите домати, 2 лажици босилек, вино и оригано. На крај се додава смесата од домати и пињоли и убаво промешајте. Продолжете со варење.

Чекор 3: кога супата ќе зоврие, намалете ја температурата на огнот и варете уште 5-6 минути за да се поврзат сите ароми. Зачинете со сол и бибер. Пред сервирање, додадете го и преостанатиот босилек.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Приготвување на јадења со сирење

Оваа статија е посветена на неколку совети и трикови кои се однесуваат на приготвување на јадења со сирење и сервирање...

Close