wordpress counter

Пилешко месо со спанаќ и песто со пињоли

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)

Спанаќот е зелен зеленчук кој некако е запоставен во нашата исхрана. Но, тоа е голема грешка, со оглед дека за него важи епитетот дека е крал на зеленчукот.
 Во 100 гр спанаќ има дури 1.400 мг минерални состојки. Токму затоа, денешниот рецепт го посветуваме на вкусно пилешко месо со спанаќ и песто со пињоли.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 2 парчиња пилешки гради без коска
• 60 гр спанаќ
• ¼ шолја пињоли
• 2 големи лажици сок од лимон
• 1/3 шолја + 2 големи лажици маслиново масло
• сол и бибер
• 1/3 шолја пармезан, изрендан

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте малку масло (2 лажици) на умерен оган. Попрскајте го пилешкото месо со сол и бибер. Потпржете го од двете страни по 5 минути.

Чекор 2: измешајте ги спанаќот, пињолите, сокот од лимон и кората од лимон во блендер. Полека додавајте маслиново масло со вклучен блендер. Мешајте сè додека не добиете кремаста текстура. Додадете сол и повторно измешајте.

Чекор 3: во зависност од вашите желби, целото песто или дел од него измешајте го со рендан пармезан.

Чекор 4: нанесете го пестото врз пилешкото месо и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails