wordpress counter

Пилешко со кари на најбрз можен начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека има сè повеќе луѓе кои не можат да седат со часови во кујна и да приготвуваат јадења, решивме да објавуваме повеќе такви рецепти. Започнуваме со нешто навистина едноставно и вкусно – пилешко со кари.

СОСТОЈКИ
• масло
• 1 кромид, ситно сечкан
• 2 големи лажици кари паста
• 4 домати, сечкани
• 4 парчиња пилешки стек
• 100 гр млад спанаќ
• 4 големи лажици јогурт
• малку коријандер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте го маслото во сад за пржење (најдобро да имате сад кој не лепи и има поклопец). Додадете го исечканиот кромид. Пржете околу 3 минути, додека не омекне. Потоа се става пастата од кари и потоа пржете уште 1 минута.

Чекор 2: во сад за пржење се додаваат пилешкото (исечкано на парченца), доматите и вода. Затворете го садот и оставете да се динста околу 15-20 минути. Потоа, додадете го спанаќот. На крај помешајте со јогурт и коријандер.

Се служи со ориз, печено лепче, тортилја или салата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Се отвора најголемиот „McDonald’s“ во светот

Ако се двоумите каде ќе биде локацијата на овој ресторан - тогаш помислете кој е најголемиот спортски настан оваа година?...

Close