wordpress counter

Полнети шамињони со домати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Полнетите шампињони се навистина вкусно предјадење кое може да се приготви за секоја прилика. Можете да ги полните со месо или колбаси со лук, кромид и рузмарин.

Ако ви е подрага комбинацијата со сирење, тогаш можете да направите смеса од рикота, гауда, босилек и црвен пипер и потоа наполнетите шампињони треба да се потпечат околу 25 минути. Шампињоните може да се полнат и со пире од компир и листови кромид.

За денес ние одбравме рецепт на шампињони полнети со домати.

СОСТОЈКИ
● 24 шампињони
● 1/3 шолја сечкан кромид
● 2 чешниња лук
● 1/3 шолја путер
● 1 шолја лебни трошки
● 1/3 шолја пармезан
● 150 гр домати

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исчистете ги шампињоните и направете вдлабнатина со помош на нож. Колку е поголема дупката, толку повеќе ќе можете да ги полните. Загрејте ја рерната на 230 степени. Издлабениот дел од шампињоните искористете го за полнење.

Чекор 2: во сад за пржење, истопете путер и потоа 3-4 минути пржете ги кромидот, лукот, остатоците од печурките и малку сол. Потоа, додадете ги доматите, лебните трошки и пармезанот. Оставете на страна малку од лебните трошки.

Чекор 3: кога ќе биде готов филот, наполнете ги шампињоните и наросете малку лебни трошки одозгора. Печете околу 20-тина минути. Оставете печурките да отстојат 5 минути пред сервирањето.

Related Posts with Thumbnails