wordpress counter

Пржена салата со тиквички

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


ПРЖЕНА САЛАТА СО ТИКВИЧКИ

Во летните жешки денови, многу сакаме да се ладиме со ледено пиво, она што целата наша нација со сласт го пие кога сонцето нè цеди до последен здив. Јас и мојата екипа, уште повеќе сакаме со ваквото ладење да си имаме и некое фино мезе и секогаш бараме нешто ново што нема да ни е досадно.

За таа цел, комбинацијата на тиквички со тревки и сирење е полн погодок. Ова може да биде едноставно и за некои од вас не многу возбудливо, но може да се јаде цело лето, кога тиквичките ги има во изобилство. Оваа салата се разликува од сите останати по тоа што се подготвува со малку пржење, но всушност е многу практична, бидејќи може да ја зготвите наутро, а да ја консумирате цел ден. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ за 4-6 личности
• 6 средно големи тиквички
• 350 г рикота, или друго меко не многу солено сирење
• 150 г рендан кашкавал
• 1 рака листови од босилек
• 1 рака листови од нане
• сок од 1 лимон
• маслиново масло (по можност)
• сол и црн бибер

ПОДГОТОВКА
Тиквичките исечкајте ги на тенки кругови. Загрејте 2 супени лажици масло, каде ќе ги готвите сечканите тиквички, додека не добијат златна боја од двете страни. Додека готвите, може да ги зачините по вкус. Кога ќе бидат готови, во широка и длабока чинија, наредете еден слој од тиквичките. Врз нив ставете сирење, кашкавал, босилек и нане, полијте со сок од лимон и малку масло. Продолжете да ги редите слоевите додека ги истрошите тиквичките. Завршете со нане, босилек и малку рендан кашкавал и попрскајте уште малку масло. Се служи топло, или ладно, а особено е вкусно со ладно бело вино.

Тиквичка
лат. Cucurbita pepo

Во готвењето тиквичката се третира како зеленчук, поради начинот на кој најчесто се приготвува, но ботанички тоа е незрело овошје. Има ниска калорична вредност (околу 15 kcal во 100 г) и содржи корисна количина на фолична киселина (24 мкг/100 г), калиум (280 мг/100г), витамин А, како и оптимална количина на манган.

Related Posts with Thumbnails