wordpress counter

Рецепти за вишокот храна од празниците

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Често се случува да ни остане храна после празник. Веројатно тоа е случај и сега по Велигден, а ќе биде случај и по 1-ви мај. Ние ви предлагаме три начини како да ја искористите таа храна, наместо да се фрли.

Ладни тестенини со шунка

СОСТОЈКИ
• 120 мл маслиново масло
• 30 мл оцет
• 400 гр тестенини, сварени
• 3-4 тврдо варени јајца
• 1 виолетов кромид, ситно сечкан
• сол и бибер
• малку целер, сечкан
• 1-2 моркови, сечкани
• 200 гр шунка, исечкана на коцки
• 1 зелена или црвена бабура, ситно сечкана

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во помала чинија, измешајте ги маслиновото масло, оцетот, сол и бибер.

Во поголем сад, промешајте ги сварените тестенини со сечкани јајца, кромид, бабура, целер, морков и шунка. Промешајте и одозгора прелијте со дресингот направен од маслиново масло.

.

Јајца полнети со павлака и сушен домат

СОСТОЈКИ
• 6 варени јајца
• 180 мл кисела павлака
• 3 лажици сушен домат
• 1 мала лажица црвен пипер
• сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исечете ги јајцата на половина и извадете ја жолчката од нив. Со помош на вилушка, изгмечете ги жолчките и измешајте ги со павлака. Потоа, додадете ги и сушениот домат, црвениот пипер и сол. Секоја половинка од белките наполнете ја со оваа смеса.

.

Гиро со јагнешко месо и ѕаѕики сос

СОСТОЈКИ
• 120 мл јогурт
• 1 краставица, рендана
• сок од половина лимон
• 2-3 чешниња лук, стиснати на преса
• сол и бибер
• 4 тортилји
• малку зелена салата, сечкана на ленти
• 300 гр јагнешко печено месо
• 1 домат, исечкан на коцки
• 1 мал виолетов кромид, исечкан на тенки кругови

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измешајте ги јогуртот, краставицата, сокот од лимон, лукот, сол и бибер. Оставете на страна.

Направете сендвичи така што на секоја тортилја ќе ставите зелена салата, јагнешко, домат и кромид. Потоа, завиткајте ја секоја тортилја за да добиете гиро порција. На крај, полијте со малку сос од јогурт.

Related Posts with Thumbnails