wordpress counter

Салата од макарони, аспаргус и козјо сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Кога приготвуваме класична салата од макарони, често се прашуваме со што би го замениле мајонезот во неа. Искрено, најдовме многу комбинации кои одлично одат со салата од макарони, но се решивме токму за оваа, затоа што е најнеобична од сите.

СОСТОЈКИ (4 лица)
● 200 гр козјо сирење
● сок и кора од еден лимон
● ½ мала лажица бибер
● 1 страк аспарагус
● 1 пакување макарони
● 2 големи лажици маслиново масло
● сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте ги козјото сирење, кората и сокот од лимон и биберот во еден сад. Мешајте со помош на вилушка, сѐ додека не добиете мазна смеса. Во меѓувреме, поголем сад наполнете со вода и оставете да зоврие. Ставете го асапрагусот во цедалка, а потоа и во водата која врие.

Чекор 2: варете го аспарагусот околу 1 минута (да добие светло зелена боја). Потоа, веднаш ставете го во сад со студена вода, за да се спречи натамошното варење. Макароните сварете ги според инструкциите на пакувањето. Ставете им маслиново масло. Оставете да се подизладат.

Чекор 3: откако ќе се подизладат, измешајте ги со миксот од козјо сирење и аспарагус. Зачинете со сол и оставете ја салатата околу 30 минути во фрижидер пред да ја сервирате.

Related Posts with Thumbnails