wordpress counter

Салата од модри патлиџани и магданос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е мошне интересна салата (може да послужи и како сос) која ја прават нашите јужни соседи. Мошне е вкусна и е вистинско освежување во секојдневната исхрана.

СОСТОЈКИ (8-10 порции)
• 2 големи модри патлиџани
• ½ шолја маслиново масло
• 1 зелена бабура, сечкана
• 1 шолја листови магданос
• 2 големи лажици оцет
• 3 чешниња лук, дробени
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: потпечете ги модрите патлиџани. Оставете да се изладат, а потоа излупете ги и отстранете ги семките. Исечете ги патлиџаните и оставете ги а отстојат 30-тина минути.

Чекор 2: загрејте ¼ шолја маслиновото масло. Додадете ја сечканата бабура и пропржете 10-тина минути. Во блендер ставете ја оваа смеса, модрите патлиџани, остатокот од маслиновото масло, магданосот, оцетот и лукот. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Зачинете со сол и бибер. Изладете. Сервирајте со багет лепче.

Related Posts with Thumbnails