wordpress counter

Салата од ориз во сите пролетни бои

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека веќе ни пристигна сезоната пролет-лето 2012, ви претставуваме еден токму таков рецепт. Станува збор за ладно предјадење, поточно ладна салата. Рецептот е за две порции, а подготвката е брза и едноставна.

СОСТОЈКИ
• 250 гр ориз
• 250 гр слатка пченка од конзерва
• 500 гр мали домати
• 100 гр зелени маслинки
• сок од 1 лимон
• 2 мали лажици маслиново масло
• сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете го оризот. Во поголем сад, насечете ги доматите на четвртинки, додадете ја пченката и исечканите маслинки. Убаво промешајте ги сите состојки.

Чекор 2: варениот ориз прелијте го со млаз ладна вода или оставете да се излади на собна температура. Потоа, додадете го во садот со останатите состојки.

Чекор 3: откако добро ќе ги промешате сите состојки, додадете сок од еден лимон, две лажици маслиново масло и сол по желба.

Се сервира веднаш.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Топ 5 диети за 2012 година (1 дел)

Списанието „U.S News & World Report“ неодамна го објави списокот на најдобрите диети за оваа година. Како најдобра е прогласена...

Close