wordpress counter

Сендвич со ѕаѕики, цвекло, коморач и леблебија

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако сакате нешто што има светол, летен изглед, а кога ќе го вкусите едноставно да „паднете во несвест“, тогаш овој сендвич е вистинскиот избор. Ќе почувствувате свилено мек, сладок вкус кој буквално ќе свири по вашите непца.

СОСТОЈКИ

за ѕаѕики со цвекло
• 2 големи плода цвекло
• ½ шолја јогурт
• 1 чешне лук, ситно сечкано
• сок од 1 лимон
• 2 големи лажици маслиново масло
• сол и бибер

за сендвич
• 1 багет
• ½ шолја фета, на парченца
• 1 лименка леблебија, исцедена
• 1 голема лажица маслиново масло
• 1 мала лажица сушени пиперки
• 1 главица коморач, излупен, сварен и тенко сечкан
• 2 големи лажици ситно сечкан магданос
• сок од лимон, маслиново масло, сол и бибер за топинг

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: цвеклата (без корен) ставете ги во плиток сад за печење со малку вода. Покријте со фолија и печете на 200℃, околу 45-60 минути.

Чекор 2: откако ќе се испечат, цвеклата оставете ги да се изладат. Отстранете ја лушпата. Потоа, ситно изрендајте го или блендирајте го цвеклото. На крај, додадете ги сите други состојки за ѕаѕикито и добро промешајте. Оставете смесата да се лади во фрижидер.

Чекор 3: исечете го багет лепчето на 3-4 парчиња. Потоа, секое од парчињата пресечете го на половина. Ставете ги на тостер. Додека се потпечуваат, вие загрејте маслиново масло. Додадете ги леблебијата, сушените пиперки и зачинете со сол и бибер. Пропржете 1-2 минути.

Чекор 4: од една страна на багетот ставете ѕаѕики. Потоа, ставете од пропржените леблебија и коморач, На крај, фета сирење и магданос. Топингот нека биде од лимонов сок, маслиново масло, сол и бибер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Rosemount Estate Mountain Blue Mudgee 2006

Лична карта Врста: црно вино Сорта: „Syrah“ и „Cabernet Sauvignon“ Берба: 2006 Регион: Австралија Про­и­зво­ди­тел: „Rosemount Estate“ Се ком­би­нира со:...

Close