wordpress counter

Сендвич со зеленчук на скара

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Претпоставуваме дека на љубителите на месо оваа идеја нема да им се допадне, но овој сендвич секако треба да се проба. Со оглед дека е сезона на зеленчук, приготвувањето ќе биде уште поинтересно.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 тиквица, надолжно исечкана
• 1 голема зелена или црвена пиперка, исечена на 4 дела
• 1 виолетов кромид, исечен на половинки
• ¼ шолја дресинг за салата со зеленчук
• 1 чијабата леб, пресечен надолжно на половина
• 2 големи лажици маслиново масло
• мајонез
• 1 голема лажица сок од лимон
• 2 мали лажици кора од лимон
• 1 мала лажица издробен лук
• сирење по избор (дробено)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во голем сад измешајте ги тиквиците, пиперката, кромидот и сосот за салата. Оставете еден час да се маринира зеленчукот. Потоа, отстранете ја течноста и исцедете го зеленчукот.

Чекор 2: со четкичка ставете маслиново масло на двете страни на лебот. Запечете го зеленчукот на скара. Загрејте го и лебот.

Чекор 3: во мал сад, промешајте ги мајонезот, сокот и кората од лимон и лукот. Ставете од смесата врз лебот и попрскајте со дробено сирење. На крај, наредете зеленчук.

Пресечете го лебот на 4 дела и послужете.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Prosecco Fili

Лична карта Температура на послужување: 6-8℃ Најдобро се комбинира со: како аперитив или со лесни бисквитно-овошни десерти Цена: 600 денари...

Close