wordpress counter

Сендвич „Тиквичка“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Сендвичите се секогаш вкусен избор за јадење. Постојат безброј интересни комбинации во кои може да ја развиете вашата креативност и имагинација. Денес, ние ви предлагаме сендвич „тиквичка“.

СОСТОЈКИ
• 1 поголема тиквица
• 10 парчиња шунка
• 5 парчиња кашкавал
• 2 јајца
• 2 лажици брашно
• лебни трошки

ПОДГОТОВКА
Излупете ја тиквицата и исечете ја на кругови со дебелина од 3 мм. Сендвичите направете ги така што најнапред ќе ставите круг тиквица, потоа шунка, кашаквал, повторно шунка и на крај затворете со уште еден круг тиквица.

Изматете ги јајцата и додадете брашно. Сендвичите натопете ги во оваа смеса и потоа во лебни трошки. Пржете во масло додека не добијат златно-кафена боја.

Сервирајте ги топли, со мајонез, павлака или тартар сос.

Related Posts with Thumbnails