wordpress counter

Сендвичи со топено сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Вкусен леб, шунка и квалитетно сирење или кашкавал е сѐ што ви е потребно за да направите вкусен сендвич. Секако, оставаме на вашата фантазија да додаде и други состојки. Нашата гурманска фантазија на оваа комбинација би додала и парчиња домати и круши за да постигнеме перфекција.

СОСТОЈКИ (1-2 лица)
• 2 долги парчиња црн леб
• 2 мали лажици растопен путер
• 1-2 парчиња шунка, тенко исечени
• 2-3 парчиња домат или круша
• 1-2 парчиња гриер или ементалер

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 230℃. Прелијте ги лепчињата со растопен путер. Наредете парчиња шунка на секое од лепчињата. Врз шунката ставете домати и круши. На крајот, покријте со убав слој гриер или ементалер.

Ставете ги сендвичите врз хартија за печење и потоа во тава. Печете ги сѐ додека сирењето не се растопи, односно додека не добие златна боја на краевите (6-8 минути).

Related Posts with Thumbnails