wordpress counter

Серијал летни салати – Салата од ракчиња, диња и мента

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако во првата салата од овој серијал им дадовме предност на зеленчукот и овошјето, овој пат ќе уживаме во морска храна во комбинација со диња и мента.

СОСТОЈКИ
• 1 диња
• 450 гр ракчиња
• 1 лажица масло
• 2 лажици јаболков оцет
• листови мента
• сол и бибер
• 2 лажици кисела павлака
• малку маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Преполовете ја дињата и отстранете ги семките. Со помош на лажица за сладолед, направете топчиња од диња. Топките, заедно со сокот од дињата, ставете ги во сад во кој потоа ќе ги додадете и ракчињата кои претходно малку сте ги пропржиле на маслиново масло. Садот затворете го и ставете го во фрижидер.

Во друг, помал сад, ставете ги маслото, јаболковиот оцет и киселата павлака. Посолете, додадете бибер и сѐ добро измешајте. Ставете го сосот малку да отстои во фрижидер.

Сервирајте топка диња со ракчиња и полејте со ладниот сос кој го подготивте. Украсете со ливчиња мента.

Related Posts with Thumbnails