wordpress counter

Серијал летни салати: Панзанела

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Пан­за­нела е вку­сна салата која се под­го­твува од леб и зелен­чук. Нема топла под­го­товка и ќе ви бидат потребни околу 45 минути за да ужи­вате во неа. Потек­нува од земјата на сала­тите — Ита­лија и сло­бодно може да биде дел и од веге­та­ри­јан­ското мени.

СОСТОЈКИ (за 4 пор­ции)
• 8 кри­шки леб (може и постар)
• 4 зрели домати
• 1 рака свеж боси­лек
• 1 кро­мид, вио­ле­тов
• 1– 2 кра­ста­вици
• масли­ново масло
• вин­ски оцет
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Исе­чете го лебот на коцки и нато­пете го во сту­дена вода (околу поло­вина час). Кога ќе омекне, сти­снете го со раце за да се исцеди, но вни­ма­вајте да не се распадне.

Ста­вете ге во дла­бок сад за салата и дода­дете го зелен­чу­кот (домати, кра­ста­вица и кро­мид) кои прет­ходно тенко сте ги исеч­кале. Потоа, дода­дете го ситно сец­ка­ниот боси­лек. Зачи­ните со масли­ново масло, сол и бибер и садот оста­вете го во фри­жи­дер за да се излади салатата.

Оце­тот се додава при послужувањето.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Набрзина