wordpress counter

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)

Со оглед дека летото е во полн ек, ви предлагаме храна која е лесна за консумирање и подготовка. Освен тоа, организмот ќе биде во топ форма, подготвен за летните одмори. Серијалот го започнуваме со рукола салата со лук, пармезан и лимон.

СОСТОЈКИ
• чијабата лепче со крцкава кора (најдобро еден ден стар)
• 1 чешне лук, излупено
• ¼ шолја + 3 големи лажици маслиново масло
• 180 гр рукола
• 2 големи лажици сок од лимон
• 90 гр пармезан, исечкан на тенки ленти
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200°С. Кората од лепчето премачкајте ја со лук. Исечете го лебот на мали коцки, ставете го во поголем сад и натопете го со ¼ шолја маслиново масло. Посипете со сол по вкус и наредете го во тава за печење, откако претходно ќе ставите хартија за печење.

Лебот печете го сѐ додека не добие златно-жолта боја, односно околу 10 минути. Оставете да се излади на собна температура.

Руколата ставете ја во длабок сад. Попрскајте ја со 3 лажици маслиново масло и 2 лажици сок од лимон. Ставете сол и бибер. Додадете 2/3 од лепчињата и половина од пармезанот. Промешајте. Пренесете ја салатата во сад за сервирање и додадете ги преостантите лепчиња и пармезан.

Совети

• ако можете, најдете дива рукола која има многу поинтензивен вкус од обичната;
• лебот можете да го приготвите  и однапред (околу 4 часа пред сервирањето).

Related Posts with Thumbnails
Коментари
2 коментари
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Набрзина