Серијал летни салати – Рукола со лук, пармезан и лимон
Со оглед дека летото е во полн ек, ви предлагаме храна која е лесна за консумирање и подготовка. Освен тоа, организмот ќе биде во топ форма, подготвен за летните одмори. Серијалот го започнуваме со рукола салата со лук, пармезан и лимон.
СОСТОЈКИ
• чијабата лепче со крцкава кора (најдобро еден ден стар)
• 1 чешне лук, излупено
• ¼ шолја + 3 големи лажици маслиново масло
• 180 гр рукола
• 2 големи лажици сок од лимон
• 90 гр пармезан, исечкан на тенки ленти
• сол и биберПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200°С. Кората од лепчето премачкајте ја со лук. Исечете го лебот на мали коцки, ставете го во поголем сад и натопете го со ¼ шолја маслиново масло. Посипете со сол по вкус и наредете го во тава за печење, откако претходно ќе ставите хартија за печење.Лебот печете го сѐ додека не добие златно-жолта боја, односно околу 10 минути. Оставете да се излади на собна температура.
Руколата ставете ја во длабок сад. Попрскајте ја со 3 лажици маслиново масло и 2 лажици сок од лимон. Ставете сол и бибер. Додадете 2/3 од лепчињата и половина од пармезанот. Промешајте. Пренесете ја салатата во сад за сервирање и додадете ги преостантите лепчиња и пармезан.
Совети
• ако можете, најдете дива рукола која има многу поинтензивен вкус од обичната;
• лебот можете да го приготвите и однапред (околу 4 часа пред сервирањето).









Коментирај