wordpress counter

Серијал летни салати – Салата Капрезе и салата од зелени мешунки со тофу

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Третиот дел од серијалот го посветуваме на салатите во кои преовладува зелената боја. Лесни и едноставни за подготовка, овие две салати не само што ќе ве наполнат со енергија, туку и комплетно се вклопуваат во летниот период.

Салата Капрезе

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
• 4 големи домати, исечкани на четвртинки
• 450 гр моцарела, исечкана на тенки кругови
• 15 гр свеж босилек
• 45 мл маслиново масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
На поголема чинија за салата наредете слој домати, потоа слој моцарела и на крај ливчиња босилек. Зачинете со маслиново масло (можете да го помешате и со малку оцет балсамико), сол и бибер.

Салата од зелени мешунки и тофу

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 800 гр зелена боранија
• сол
• 40 гр пињоли (ако не можете да најдете, тогаш заменете ги со бадеми)

За сос
• 1 врзулка копар
• 1 чешне лук
• сок од 1 лимон
• 1 мала лажица сенф естрагон
• 1 мала лажица мед
• 60 мл маслиново масло
• 200 гр тофу

ПОДГОТОВКА
Исчистете, исецкајте и измијте ја боранијата. Потоа ставете ја во солена вода, која претходно сте ја довеле до вриење. Варете додека боранијата не омекне (околу 4 минути).

Пињолите или бадемите наредете ги во тава и кратко печете ги во рерна.

Со помош на блендер измешајте ги тофу, копарот, лукот, лимоновиот сок, сенфот, медот и маслиновото масло. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Подготвениот сос прелијте го врз зелената боранија и сѐ добро измешајте. Сервирајте со потпечени пињоли или бадеми.

Related Posts with Thumbnails