Серијал летни салати – Салата од авокадо и домати
Салата која претставува комбинација од зеленчук и овошје е вистински избор за топлите летни денови. Една од тие салати е токму оваа со авокадо, домати и фета сирење.
СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 2 авокада
• 2 домати
• 3 чешниња лук
• 100 гр фета сирење
• 2 мали лажици вински оцетПОДГОТОВКА
Излупете го авокадото, исечете го на половина, отстранете ја семката и потоа исечете го на мали парчиња. Доматите исечете ги на тенки кругчиња и измешајте ги со авокадото.Исчистете го лукот и ситно исечкајте го, додека фета сирењето исечете го на коцки. Потоа, сѐ заедно промешајте со авокадото и доматите и додадете оцет.
Салата може да биде самата по себе оброк, а одлично се комбинира и со пилешко месо.









Коментирај