Серијал: Романтични предјадења (1 дел)
Овој серијал го посветуваме на сите вљубени. Во неколку продолженија, ќе ви претставиме рецепти за романтични предјадења кои можете да ги подготвите за вашиот партнер. Започнуваме со:
Печурки со коријандер и ловоров лист
СОСТОЈКИ
• 175 гр печурки
• сок од 1 лимон
• маслиново масло
• 1 мала лажица семки од коријандер
• 2 ливчиња ловор
• 3 големи домати (без лушпа и семки)ПОДГОТОВКА
Премачкајте ги печурките со свежо исцеден сок од лимон. Во тава за пржење, загрејте масло на тивок оган. Додадете ги семките коријандер во тавата и пржете ги неколку секунди. Внимавајте, бидејќи коријандерот лесно загорува.Додадете ги и печурките и ловоровите ливчиња и попрскајте со сол и бибер. Зголемете ја температурата и пржете околу 1 минута. Потоа, затворете ја тавата со поклопец и пржете уште 2-5 минути. На крајот, додадете ги и доматите.
Сервирајте ги печурките во чинија и полијте ги со сокот од готвењето. Попрскајте со маслиново масло и сок од лимон. Се сервира и топло и студено.
