wordpress counter

Шампињони полнети со горгонѕола

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Шампињоните се храна која може да се комбинира буквално со сѐ. Со оглед дека кај нас шампињоните ги има на секој чекор, ви предлагаме една комбинација на овие печурки со прекрасната италијанска горогонѕола.

Оваа салата се подготвува за 50-60 минути и може да биде предјадење, но и како дел од коктел забави.

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
• 500 гр шампињони
• 100 гр горгонѕола
• 100 гр маскарпоне
• 50 гр пармезан
• маслиново масло
• сол и бибер
• магданос

ПОДГОТОВКА
Исчистете ги шампињоните и потоа отстранете го чадорот од телото на печурките. Ситно исечкајте ги стебленцата од шампињоните и пропржете ги на маслиноново масло (додека не испари течноста).

Потоа, додадете горгонѕола, маскарпоне, пармезан и зачинете со сол, бибер и магданос. Пржете сѐ додека сирењето не се растопи целосно.

Во меѓувреме, чадорчињата од печурките малку запечете ги од горната страна (најдобро на скара или грил тава). Потоа, од долната страна, наполнете ги со сирење.

Така наполнети, шампињоните наредете ги во тава за печење и кратко запечете ги на силен оган.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails