wordpress counter

Шарен омлет

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако сакате вистински богат омлет, тогаш насечкајте разновиден зеленчук и додадете го. Овој вкусен оброк можете да го приготвите за 30-тина минути.

СОСТОЈКИ (2 порции)
● 200 гр ситно сечкан зеленчук (зелена и црвена пиперка, домати, кромид)
● 2 мали лажици маслиново масло
● малку праз, сечкан на тркалца
● 4 јајца
● 2 големи лажици млеко
● сол и бибер
● 1 мала лажица босилек
● 30 гр моцарела

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изматете ги јајцата и додадете млеко, сол, бибер и босилек. Измешајте убаво со помош на жица и оставете го садот настрана.

Чекор 2: на загреано малсиново масло пропржете го празот неколку минути, а потоа додадете го зеленчукот и пржете околу 10-15 минути.

Чекор 3: кога зеленчукот ќе омекне, додадете ја смесата со јајца, а одозгора парчиња моцарела. Пржете на умерен оган, додека не се приготват јајцата.

Related Posts with Thumbnails