wordpress counter

Сочен домашен фишбургер

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Меко печиво, сочен паниран ослич, зеленчук… уживајте во вкусот на ова практично и брзо јадење. Ви претставуваме рецепт кој може да го менувате согласно вашите желби.

СОСТОЈКИ (2 сендвичи)
● 2 филети ослич
● 2 печива за хамбургер
● неколку листови зелена салата
● кашкавал по избор
● домат
● виолетов кромид

за сос
● мајонез
● кечап
● малку бело вино
● малку капари

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: испохувајте и испржете го осличот додека не добие златно-жолта боја. Кога ќе биде готов, ставете врз него по едно парче кашаквал за да се истопи.

Чекор 2: пригответе го зеленчукот. Исечете го доматот и кромидот на тенки кругови, додека зелената салата на мали ленти.

Чекор 3: за да го направите сосот, измешајте ги кечапот, мајонезот, малку бело вино и иситнети капари.

Чекор 4: составете го сендвичот. Исечете го печивото на половина, нанесете на долната страна сос, потоа зелена салата, кромид, ослич, домат и затворете.

Related Posts with Thumbnails