wordpress counter

Солени мињони

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (9 гласа, просек: 4,33 од 5)


Вообичаено, кога ќе се споменат мињоните, се помислува на слатко јадење. Но, мињоните можат да имаат и многу интересна солена варијанта за родендени, забави, дружби. Подготовката трае 60 минути, а неповторливиот вкус – цел ден.

СОСТОЈКИ

за кора
• 100 гр маргарин
• 100 гр брашно
• ½ л млеко
• 6 јајца
• малку сол

за фил
• 300 гр сирење
• 300 гр шунка
• 2 дл кисела павлака
• 2 кисели краставички

за премачкување
• 200 гр крем сирење
• малку магданос

ПОДГОТОВКА
На растопен маргарин, пропржете го брашното. Додавајте го млекото полека и постојано мешајте, за да не се создадат топчиња. Сварете го кремот, посолете и оставете да се излади.

Доадавајте една по една жолчка и на крајот шлаг направен од белките на јајцата. Сите состојки добро измешајте ги и ставете ги во сад за печење, обложен со масна хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна, на температура од 200℃, околу 30 минути.  Печената и изладената кора пресечете ја на половина, за да се добијат две кори.

За филот: издробете го сирењето и помешајте го со ситно сечкана шунка, кисели краставички и кисела павлака.

Премачкајте ја долната кора со фил и преку неа ставете ја горната кора и наместете ја со мало притискање.

Одозгора, премачкајте со изматено крем сирење. Исечете на коцки и секоја украсете ја со малку магданос. Чувајте во фрижидер до сервирањето.

Related Posts with Thumbnails