wordpress counter

Сосови кои не треба да се готват

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Честопати се случува да немате доволно време да подготвите нешто вкусно за јадење. Затоа, одбравме два соса кои се подготуваат без готвење и нема да ви бараат повеќе од 5-10 минути за да ги сервирате со јадењето. На тој начин, можете лесно и едноставно да направите вкусно јадење во кое ќе уживате.

Шпанска „Salsa Fresca“

Овој шпански сос е неверојатно вкусен со риба или пилешко месо.

СОСТОЈКИ
• 4-5 домати
• 1 помал виолетов кромид
• 1 лута пиперка (халапењо, по можност)
• 2 чениња лук, иситнети
• 2 лажици сок од лимета
• 2 лажици маслиново масло
• малку сол, бибер и оригано

ПОДГОТОВКА
Испасирајте ги доматите. Измешајте ги сите други состојки освен доматите. Додадете ги доматите и убаво измешајте. Оставете на собна температура 15 минути да отстои.

.

Сос од ѓумбир, кикирики и кокос

Овој сос е ароматичен, зачинет и идеален за оние кои ја сакаат индиската кујна. Може да го комбинирате со пилешко месо, тестенини или зеленчук.

СОСТОЈКИ
• 6 лажици пилешка супа
• 3 лажици кокосово млеко
• 3 лажици путер од кикирики
• 1 лажица оцет
• 1 лажица соја сос
• 1 лажица мелен ѓумбир
• 2 лажици табаско или чили сос

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги сите состојки и миксирајте сѐ додека не добиете кремаст сос. Може да се чува во фрижидер до 4 дена.

Related Posts with Thumbnails